Колач со суво грозје
Во длабок сад со лажица замесуваме тесто од потребните состојки за овој колач. Ванилата и оревите ги оставаме за на крај, односно пред да го ставиме тестото на печење. Ја рендаме кората од лимонот ја додаваме во тестото. Јас од навика си го замесив тестото и со раце. На крајот ја додаваме ванилата и оревите.
Оваа смеса ја ставаме во претходно подмачкан и побрашнет плех бр.24 или проценете сами према тестото.
Напомена.
Тестото не нараснува многу. Печеме на 200 степени околу 30 минути или зависно од јачината на рерната. Овој колач не излегува многу голем, ама затоа има многу убав вкус, а тестото е крцкаво и се топи во уста. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Ubava torticka Svetle:)