Сувите смокви се сечка на крупни парчиња и се натопуваат во рум, да стојат неколку часа.
Прво се матат белките, цврсто.
Во друг сад се мати омекнатиот путер со шеќерот и се додаваат жолчките, една по една и постојано се мати. Се додава брашното измешано со прашокот за печиво и ванила. На таа смеса се додава исцедените сецкани смокви, оревите и сецканата чоколада се меша со лажица.
На крај се додаваат изматените белки и рачно се меша, внимателно.
Рерната се загрева на 220°С.
Смесата се пресипува во долгнавест калап за колачи, претходно намачкан со путер и посипан со брашно доколку не ги користите силиконските калапи на делимано за нив е доволно само нежно премачкување со масло.Сецканите јагоди ставете ги врз смесата кои со тек на печењето ке навлезат во тестото.
Се става во рерна и се пече на 220°С околу 10 мин, потоа температурата се намалува и се пече на 170°С околу 50 минути.
Печениот колач се вади од калапот додека е топол и се остава убаво да се излади. Најдобар е кога ќе стои неколку часа, а потоа да се сече на парчиња.
Забелешка
Бидејќи го користев правоаголниот калап на делимано со оваа доза испеков две вакви идентични колачи.Смесата може да ја сипете во делимано силиконскиот калап за куглоф кој е идеален за да ви ја собере целата смеса.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани