15
дек
2020
Колач со ореви, јаболка и џем од малини (посно)
Посно колаче за посни денови...
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 200 степени.
2. Јаболкото го лупиме и го рендаме.
3. Останатите состојки ги додаваме кон јаболкото и ја соединуваме смесата.
4. На дното на мало тавче распоредуваме ореви.
5. Смесата ја истураме врз оревите.
6. Печеме околу 20 минути или пробуваме со чепкалка дали е печен колачот.
Забелешка
Тавчето може да го премачкате со масло пред да ги ставите оревите. Јас ги печев во Делимано нелеплива тава и немаше потреба да ставам масло бидејќи не лепи.
Наросете го со шеќер во прав пред служење.
Лиценца: Сите права се задржани