- Изрендајте ја кората од лимонот, а засебно истискајте го сокот од истиот.
- Одмерете го брашното и измешајте со пецивото и кората од лимон.
- Искостете ги сливите - исечете на парчиња големина која ја сакате вие.
- Со миксер пенесто изматете ги јајцата заедно со шекерот и ванилата, потоа додадете го брашното со пеицвото - промешајте, на крај додадете ги маслото и сокот од лимонот. Повторно промешајте - истурете во модла бр.22, одозгора наредете ги исечените сливи кои малку ке ги подналегнете во тестото, ставете да се пече на 160 степени околу 40 мин.
- Печен оставете да олади, извадете од модлата, посипете со шекер во прав.
Доколку ви е потребно за повеке персони од овој колач.. зголемете ги состојките.
Колачот го печев во малата округла ростер тава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани