Колач со ананас
Подготовка
1. Брашното измешајте го со пецивото и солта. Јајцата, шеќерот, млекото, зејтинот и ананасот додајте ги во блендер и обработете додека да се добиете мазна смеса. Потоа додајте ја смесата во садот со брашното и измешајте добро со жица.
2. Сувото овошје измешајте го со една лажица брашно.
3. Намрсете (или обложете со хартија за печење) долгнавест калап за печење (28х12цм). Додајте во калапот една третина од тестото, потоа со лажица распоредете половина од сувото овошје, половина од кокосот и половина од сецканиот ананас. Додајте уште една третина од тестото, па наредете го остатокот од сувото овошје, кокосот и ананасот. Потоа посипете со остатокот од тестото.
4. Печете во загреана рерна на 180 степени 40-45 минути. Оставете го да се олади целосно.
5. За преливот измешајте го шеќерот во прав со сок од портокал или ананас, додека да ја добиете посакуваната густина.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани