Прво се мијат праските, се чистат од семките и лушпите
и се сечат на мали парчиња во еден сад. Се додаваат 3 лажици кафеав шеќер и 1 ванилин
шеќер. Се остава овошјето да пушти сок.
Во посебен сад се ставаат 150 гр смелени ржани снегулки, 50 гр мелени ореви, 50 гр
цели ржани снегулки и 50 грама сецкани ореви. Се меша и кон ова се додаваат 2
лажички цимет и 100 милилитри сок од праска. Сето заедно се меша и се става во помал
плех (30 на 20), претходно обложен со хартија за печење.
Овошјето со рачен миксер се блендира, ама не на многу ситно, да останат и парчиња од
праските. Кон оваа смеса се додава и густинот, се меша и се става врз тестото.
Одозгора се посипува со 2 лажици ржани снегулки и 1 лажица цимет.
Се пече 35 минути на 180 степени. Колачот убаво се лади, неколку часа и после тоа може
да се пробува