Кокос коцки (без јајца и маргарин)
Рецептот е од интернет ми се допадна едноставното и брзо подготвување.
Подготовка
На почеток сварете го преливот. Водата, шеќерот и ванилата неко повријат десетина минути. Оставете да се олади и почнете со подготовка на бисквитот.
Во сад за матење ставете ги јогуртот, гризот, шеќерот, кокосот и пецивото и убаво измешајте со шпатула(не ви е потребен миксер). Смесата сипетеа во ростер тава 35*25 и печете на загреана рерна половина час на 180 степени.
Додека кората се пече оделета 200мл ладно млеко и во него ставете ги трите пудинга добро соединети. Во преостанатото зовриено млеко сипета ја смесата и подгответе пудинг. Жешката кора веднаш по вадењето прелите ја со ладниот шербет.
Почекајте неколку минути да го впие шербетот и веднаш сипете го пудингот. Оставате во фрижидер да се излади потоа сечете и украсувате со слатке павлака и малку бела чоколада.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани