
1
авг
2015
Кокос бомбици
Лесни, брзи, а ништо помалку и вкусни.
Изматете ја павлаката, во неа додадете ги исецканите Јафа колачи, кандираната кора од портокал и не целиот кокос. Оставете од вкупната количина и за валкање. Ќе оцените сами смесата кога е доволно за да можете од истата да правите бомбици. Ставете за кратко во фрижидерот, извадете и формирајте ги.
Доколку немате кандирана кора од портокал. тогаш исецкајте на коцки кора од 2 портокала, проварете ја малку во неколку води, потоа направете шербет од 100 гр. шеќер и 100 мл. вода. Сварете, извадете и оцедете доколку сметате дека има шербет повеќе по нив... што сметам дека и ќе нема потреба, се е таман додека се сварат.
Лиценца: Сите права се задржани