Кнедли за супа
Знам дека има многу рецепти за припремање на кнедли, бидејки овие денес ги спремав и следи да го поставам тој рецепт.
- Со жица сматете ги јајцата, додадете го гризот измешан со прашокот за пециво и зејтинот, добро измешајте. Смесата треба да ви биде толку густа како палентата кога ја варите. Оставете 10 минути да одстои. Ако ви делува дека е смесата ретка, додадете уште малку гриз.
- Ставете во тенџере вода со коцка од зеленчук, ситно сецкан морков - нека зоврие.
- Со две мали лажички кои треба да бидат влажни, вадете од кнедлите и ставајте ги во зовриената вода. Поклопете и оставете да се варат 15 мин.
- Проверете дали се сварени кнедлите - тие треба да пливаат на површината. Послужете.
Вака приготвени ќе добиете бистра супа со кнедли.
Напомена
- Кога кнедлите ќе ги ставате во зовриената вода - тие прво ќе паднат на дното, но со текот на самото варење ќе се подигнат на површината.
- Доколку ги направите големи, од оваа количина ќе ви излезат 12 кнедли навистина големи. Јас секогаш ќе ги направам мали, кога ќе погледнам пак големи.
Како и да е, лесно, брзо и вкусно.
Лиценца: Сите права се задржани