Кифлички со виршли
Декоративни, но пред се превкусни кифлички. Идејата за нив ја видов кај една моја пријателка на групите за готвење на Фејсбук, па со некои мали измени по мое ги направив и јас, и можам да кажам дека навистина се превкусни.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме млекото, шеќерот и квасецот. Мешаме убаво да се раствори квасецот и го оставаме да се активира.
2. Потоа ги додаваме јајцето, маслото, павлаката и на крај солта и брашното, постепено до замесување на меко, глатко, нелепливо тесто. Тестото го покриваме и го оставаме на топло место да стаса, да го дуплира волуменот.
3. Стасаното тесто го делиме на 8 исти делови, кои ги расукуваме со раце во долга лента (околу 50 цм). Ги формираме кифлите на тој начин што околу секое парче виршла (секоја виршла ја сечеме на 4 парчиња) ги преплетуваме двата краја од тестото (видете дополнителни слики).
4. Формираните кифли ги покриваме и ги оставаме на топло место да стасаат. Потоа ги премачкуваме со жолчката и млекото, па посипуваме сусам, и им ставаме на двата краја по едно мало парченце путер или маргарин.
5. Печеме до заруменување во загреана рерна на 200 степени. Испечените кифлички ги премачкуваме со путер (или маргарин) и ги покриваме со чаршафче малку да оладат.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Фала