Кифлички со квасец и пециво
Рецептата ја најдов на интернет во потрага по вкусни и меки кифлички и случајно налетав на овие кифлички кои излегоа преубави.Во длабок сад го ставаме брашното заедно со прашокот за пециво,сол,го додаваме маслото и павлаката и цела смеса убаво ја мешаме.Во топлото млеко го ставаме квасецот и шеќерот и го оставаме.Откако квесот ќе нарасне го додаваме во садот со брашното и убаво се меси.Тестото се дели на 4 дела,секој дел се сука отприлика со дебелина од 0.5 см. и се сече на 8 триаголници( ако е поголем кругот може и на повеќе триаголници).Може да ставите и фил јас ги правев празни а сепак беа превкусни.Кифличките се редат во тава за печење на која претходно е ставена хартија и се оставаат 15 минути на топло малку да нараснат.Се премачкуваат со јајце и едно лажиче млеко ги нарусуваме со сусам и ким и се печат 15 мин. или додека заруменат.На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови