Кифли со афион
Подготовка на филот.
Во млекото ставете го афионот и оставете така да отстои 2-3 часа. Потоа додадете го шеќерот и медот и варете на ниска температура додека да извари млекото околу 15 - 20 минути.
Подготовка на тестото.
Во млекото растворете го квасецот и додадете половина од брашното околу 250 гр, оставете да стаса квасецот на топло место околу, а потоа додадете го растопен и оладен путер, јајцето и шеќерот и додадете уште брашно да замесите глатко и мазно тесто. Оставете да стаса околу 1 час.
Стасаното тесто поделете го на 2 дела, секој дел расукајте го премачкајте го со афионот можете да ставите и неколку парчиња путер и замотајте ролна. Сечете парчиња околу 3-4 сантиметри на средина секое парче претиснете го длабоко со дршка на дрвена лажица или нешто слично. Парчињата редете ги во плех за печење премачкајте ги со жолчка од јајце оставете да отстојат околу 30 мин и печете во претходна загреена релна на 200 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови