26
мар
2012
Кекс со јаболка
Во сад матете ги шеќерот и маргаринот додека не добиете пенеста смеса. Додадете неколку капки ванилин екстрат. Продолжете со матење и додавајте ги јајцата едно по друго. Постепено додадете го и брашното помешано со прашокот за печиво. На крај додадете ги предходно изренданите и исцедени јаболка. Убаво соединете.
Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел додадете лажичка канела и предходно стопеното чоколадо. Мешајте додека се соедини.
Во намастен и набрашнет калап ставајте наизменично од двете смеси. Печете на 180 степени.
Лиценца: Сите права се задржани