8
јул
2014
Кекс со слатко од јагоди
Јајцата пенесто избијте ги со шеќерот и постепено додавајте го врелото млеко постојано мешајќи со миксерот. Потоа ставете го маслото и исклучете го миксерот.
Кога ќе го ставите брашнотот и пецивото мешајте со лажица. Во намрсено тавче ставете половина од смесата потпечете околу 10 мин. на 190 степени и потоа ставете слатко или мармалад по ваша желба и потоа ставете го и останатиот дел од тестото. Вратете во рерна уште 20 мин. на 180 степени и потоа оставете да се излади.Посипете со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови