30
окт
2021
Каша од печурки и зеленчук
Подготовка:
1. Зеленчукот го сецкаме на коцки. Сите на иста големина. Тиквиците не ги лупиме, одат со лушпа. Печурките(шампињоните ) ги сецакме на коцки.
2. Во сад на оган налеваме вода и посолуваме. Додаваме маслиново масло. Кога водата ќе зоврие го додаваме зеленчукот. Оставаме да се свари. Зачинуваме со мешан зачин и ловор лист.
3. Кога зеленчукот е готов му полеваме разматено јајце со лимонов сок. Како поливаме така матиме со вилушката, да се размати јајцето насекаде исто. Оставаме уште кратко да поврие и служиме.
Ја обожаваме оваа кашичка.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови