Кафе - Пудинг Десерт (во чаша)
Ова е прекрасен десерт 2 во 1, кафе пудинг со пена од нескафе, со неодолив вкус и мирис за љубителите на вкусот на нескафе.
Подготовка
1. Во еден мал сад ставаме 1 г.л. нескафе и 1 г.л. врела вода, промешуваме да се раствори целосно кафето. Тргаме настрана.
2. Во помало тенџерче ги ставаме млекото, шеќерот и густинот. Кога ќе зоврие оваа смеса (а во меѓувреме цело време мешаме со рачна маталка за да не ни се направат грутчиња) го додаваме раствореното нескафе. Вариме уште неколку минути, мешајќи со рачната маталка, како класичен пудинг. Готовиот пудинг го ставаме во 2 чаши (до пола). Нека олади 10 минути.
3. Сега започнуваме со подготовка на пената. Во тесен, длабок сад ги ставаме водата, шеќерот и нескафето. Миксираме на најјаката брзина околу 5 минути, при што ќе се формира густа кремаста пена. Јас ја нанесов рамномерно во двете чаши, со помош на готварски шприц, поради декоративниот изглед (но може да се нанесе и со лажица).
Дегустираме веднаш и уживаме во кафето, истовремено со пудинг - десерт.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани