Капучино ролат
1. На умерена температура стопете го чоколадото и оставете малку да излади.
2. Капучиното ставете го во 100 мл млако млеко и промешајте.
3. Во длабок сад ставете ги мелените бисквити, растопеното чоколадо, млекото со капучино и полека со рака замесувајте ја смесата и постепено додавајте од преостанатите 100 мл млеко додека се соедини смесата.
4. За подготовката на филот изматете го маргаринот со шеќерот во прав и потоа додадете ја жолчката претходно испасирана со една лажица вода или млеко, за да не се направат грутчиња.
5. Од смесата со капучино расучете кора со дебелина од 0.5 см и премачкајте го филот и внимателно виткајте ролат. Јас на масата ставив најлонска или стреч фолија, а со помош на фолијата полесно се витка ролатот.
Ролатот ставете го во полукружен калап и оставете го во фрижидер да се стегне, па потоа сечете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови