Одличен предлог за ручек кој не одзема многу време иако изгледа малку обемно, ама затоа крајниот резултат е превкусен. Хронолошки постапката оди вака:

1. На малку масло се запржуваат кромидчето и лукот да пуштат од аромите, се ставаат сечканите домати и се динста на тивко 10-15 минути. Се додаваат сите наведени зачини и состојки, се меша, крчка уште малку и се трга настрана.

2. Во подлабок сад се става урдата или рикотата, кашкавалот, биеното сирење или пармезанот, свежиот магдонос, морковчето, зачините и изматените јајца. Сето се меша до убаво изедначување на смесата.

3. Во сад во кој ќе се печат канелоните се распоредува претходно подготвениот доматен сос. Се зема кеса од шприц или некаква кеса во која ќе може да се стави филот и со него да се полнат канелоните, во краен случај може да се работи и со прстите, густината на смесата го дозволува тоа.

4. Секој наполнет канелон се реди врз доматниот сос. Јас наполнив 10 канелони, а ми остана фил уште за 2. Наредените канелони се полеваат со доматен сос кој ќе ја подпомогне нивната подготовка. Одозгора се посипува со пармезан, рендан кашкавал и сусам, на садот се става алуминиумска фолија и се става во рерна.

5. Рерната се пушта на најсилно, штом загрее се намалува на 200 степени и така се пече 50 минути, потоа се вади фолијата и се потпекува уште 15 минути.

Приготвените канелони во доматен сос се служат топли во комбинација со свежа салата и додатоци по желба.
Во филот наместо магдонос може да се стави свеж или замрзнат спанаќ.
На истиот начин може да се подготват и маникоти.
Пробајте и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани