Камперска летна манџа
Долги години, во камп на убавото Преспанско езеро, со одреден број на луѓе поминуваме прекрасни моменти. Забава, песна, разговори...секако и дружба со храна. Кој што има, кој што направил, ќе викни и заеднички се дели. Ова е едно јадење кое го прави Светле од Прилеп, ќе речи-„Јас ќе направам летно манџиче“ и сите сме задоволни зашто е совршено вкусно, а се се прави во една тава.
Подготовка
1. Биеното сирење исечете го на парчиња и потпржете го во тавата на малку масло. Извадете го.
2. На истото масло ставете ги излупените и исечкани домати да се испржат. Извадете ги и нив.
3. Сега испржете ги исечканите пиперки. Посолете по вкус. Додајте го исечканото лукче. Нека попржи уште малку и додајте ги доматите. Измешајте убаво. На крајот одозгора скршете ги јајцата и малку измешајте ги низ пиперките. Наредете го одозгора прженото сирење, поклопете ја тавата и нека крчка неколку минути. Готово. Ќе ви треба топло лепче за макање и убав муабет. На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Bevme kamperi i nie 17,18 godini na Grckite plazi, pod Olimp
A ova epten prilepskoooo, bijano sirenje mmm
Za merak
Nazdravjeeee