Какао палачинки
Јајцата ставете ги во сад со шеќерот и солта, измешајте со миксер или жица. Додајте ги млекото и водата, убаво измешајте. Додајте го брашното и какаото, убаво измешајте да нема грутчиња, додајте го маслото и пак измешајте. Сместа оставете ја 30мин во фрижидер. Не мора, но така се поубави.
На тавче за палачинки со салафетка со масло намрсена.(Јас пржев во Тавата за пржење на Делимано-преубава) и ставајте по една мала чорбарка од смесата разлејте брзо на сите страни и почекајте да се одделува од страните кога малку е зарумената (или какви ги сакате), завртете ја со лопатка или со рака на другата страна пржете уште 1 мин.Па вадете ги на рамна чинија.(јас само ја лизнав и излезе.Воопшто ништо не се лепи.). Постапката повторете ја со останатата смеса.
Од оваа доза излегуваат 12 палачинки со дијаметар 20 см. Филувајте ги една по една со мармалад. Завиткајте ги во ролна или триаголник или пак наредете ги како торта и сечете парчиња.
Јас сместа ја оделив на пола(само со пола какао)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови