На тивок оган во касерола ги ставаме да се соединат путерот, чоколадото и кондензираното млеко.
Тргаме од оган и ги додаваме оревите.
Крем сирењето кратко го матиме со миксер .
сега ги соединувам сите состојки заедно
Оставаме малку да подизлади кремот, да биде млак.
Сега на даска за колачи ја ставаме првата кора па ставаме фил.
Израмнуваме, ставаме кора, фил, кора фил и покриваме со четвртата кора.
Значи четвртата кора не ја премачкуваме со фил.
Неа ја покриваме со фолија и врз неа ставаме некој тежок предмет.
Нека одстои колачот така 2 часа.
Во касеролата оставаме 3 лажици од кремот.
Него го нанесуваме после 2 часа врз четвртата кора.
Ја одстрануваме фолијата од колачот и ја премачкуваме 4 кора со остатокот на фил
Посипуваме мелен орев и сечеме на штангли.
Во план ми беше да додадам во филот и еден изматен чоколаден шлаг, но го заборавив...брзав како и секогаш.
Пожелно е до колку го подготвувате колачов во состојките да се додаде и изматена чоколадна шлаг пена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани