Италијански бомболони или нешто слично на нашите крофни кои редовни сите си ги правиме. Рецептот за нив го најдов додека барав на интернет некои интересни рецепти од италијанската кујна, поттикната од вашиот предизвик за готвење на тема.

1. Во подлабок сад ставаме две јајца, квасец , шеќер, ванилин шеќер, млеко и растопен маргарин и сè заедно промешуваме.

2. Потоа постепено го додаваме брашното и месиме убаво меко тесто. Во текот на месењето може да ви потреба повеќе брашно. Рендаме два лимона и повторно сè месиме заедно.

3. Откако ќе го измесиме тестото, го покриваме со најлонска фолија и го оставаме околу час и половина да стаса.
4. Во меѓувреме го правиме филот, за да олади додека ги правиме бомболините. Млекото и шеќерот ги ставаме во тенџере на оган и ги додаваме жолчките, кои претходно ги имаме убаво измешано со брашното. Мешаме додека не добиеме убава мазна смеса. Откако ќе биде готова го додаваме екстрактот од ванила. Добиениот крем го оставаме да олади.
5. Откако тестото е спремно правиме малечки топчиња, не многу големи, бидејќи секако ќе ги оставиме да стасаат, околу еден сат, па да не ви дојдат многу големи. Откако ќе ги направиме топчињата уште еден час ги оставаме да стасаат.
6. Во загреано масло ги пржиме сите бомболони додека не добијат убава кафена боја.
7. Откако се готови ги наросуваме со шеќер . Штом се оладени правиме малечко дупче на секоја и ја полниме со шприц со оладениот фил.
Превкусни се, а лимонот им дава посебен шмек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови