Интегрални мини пици
Во мал сад се соединуваат млако млеко, квасецот, шеќерот и 1 лажица брашно. Добро се промешува и се остава на топло да нарасне.
Потоа во друг подлабок сад се додава половина од двете брашна, па се додава нараснатиот квасец, зејтинот водата и малку сол по вкус. Потоа со постепено додавање на остнатото брашно се замесува тесто се додека не почне да се одвојува од прсти.
Добиено тесто се остава повторно на топло за да нарасне.
Кога тестото е готово од него се расукува кора со дебелина од 1/2 см.
Со округла модла или пак со чаша се вадат кругчињата и се ставаат на подмачкано тавче.
Шунката може да биде сецкана или пак рендана тоа може да биде по ваша желба.
Кашкавалот се ренда.
Краставичките се сечат на кругчиња.
Се започнува со филувањето односно ставање на состојките врз основното тесто.
Се става кечап, па врз него се става шунката па кашкавалот краставичкте и на крај се поросуваат со оригано.
Одкако сите мини пици ке бидат готови спремни се за печење.
Се печат на 180 степени се додека не поруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови