
15
ное
2014
Интегрален овошен колач
1. Подгответе го тестото од брашно, мелени бисквити, ванилин шеќер, путер исечен на коцки, 1 јајце и 1 жолчка.
2. Излупети ги праските и исечете ги на коцки (ако се од компот добро да се исцедат), додадете ги во сад и посипете со 2 лажици кафеав шеќер ,рендана кора од лимон и неколку капки сок од лимон.
3. Развлечете го тестото и ставете го во подмачкан плех. Посипете со мелени бадеми,а згора ставете ги праските.
4. Печете околу 40 минути на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани