Зрна кафе
Шеќерот и водата да вријат 3-4 минути. Потоа се трга од оган и се додава маргаринот , па чоколадото, да се стопат и на крај, останатите состојки. Убаво се меша смесата и од неа се земаат малечки парченца кои ги обликуваме овално а одозгора со чепкалка правиме рез за да изгледаат како зрна кафе.
Се оставаат да се здрват и потоа се макаат во глазура од 100 гр чоколадо стопено со 3 лажици масло на тивок оган. Ги вадиме со вилушка и ги поставуваме на целофан да се здрви преливот, и уште еднаш ги поминуваме зарезите со чепкалката, потоа ги редиме на чинија. а предходно може и во хартиени корпиња. Другиот ден се уште послатки за дегустирање.
Сладок апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ми лајкс! :)
Го испратив и тој рецепт, ама ете, не стигна на виделина.
Ќе се обидам уште еднаш... ако не, ќе си ја гледаме вака само на сликата со кафето хехе...
туку, ене го рецептот меѓу сите други. од кај инаку ќе знам дека се тоа малинки, м? видовита сум.....дај шоља да ти гледам на кафе, бидејки на овие зрна не можам :) :) :) :)
а за кафе, кога сакаш можиме да се напиеме ;)