Зелник со перца и урда
Во сад го ставаме брашното,правиме дупка и во неа го ставаме квасецот и солта,додаваме вода и месиме тесто,по потреба додаваме уште брашно и вода ако сакате да ви излезат повеке кори.
Го ставаме тестото на набрашнета маса и го размесуваме во вид на долгнавест леб.
Со нож сецеме парчиња по ваша желба и сукаме кори.За тепсија број 40 ставивме 8кори.
Кога корите ке ги осукаме ги одставаме да се стврднат распостелани на чаршав,околу 1час а може и помалку.
Во тепсијата ставаме 3л.топена свинска маст.Ставаме една кора ја попрскуваме одозгора со топената маст ставаме уште 2 кори на истиот начин.
Потоа ставаме една кора ја ставаме четвртата кора ја попрскуваме со маст и ја згужвуваме во еден ќош од тепсијата да зафати 1/3 од неа.Потоа ја ставаме петата кора и неа ја попрскуваме и ја згужвуваме да зафати 1/3 од краевите на тепсијата и ја ставаме шестата кора да го зафати преостанатиот дел од тепсијата односно во средината да остане дупка.
Одозгор ја ставме седмата кора и ги покриваме згужваните кори и дупката,попрскуваме со маст.
Во сад настрана ги мешаме перцата од млад кромид,јајцата и урдата посолуваме и го ставаме филот во средината попрскуваме со маст.
Одозгора ја ставаме и последната осма кора го прекриваме и филот и попрскуваме со маста.Тие првите три кори ги превиткуваме сите заедно преку рака во обликот на тепсијата.
Го ставаме зелникот да се пече во заграна рерна на 250 степени околу 20-25мин.Пред да го извадите на околу 15сетина минути кога ке заруменее го попрскуваме со зовриена маст(2л.) и вода и го оставаме да се пече уште околу десетина минути додека да исне водата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови