Зелка со сос од патлиџан
На мене ми е вкусно вака припремената зелка, останува вие да пробате...
1. Исецкајте го кромид и ставете го во тенџерото на зејтин малку да се продинста, додајте му го морковот исечкан на кругови, исеченото месо, на коцки исечен компирот. Оставете да се динста.
2. Исечете ја зелката на широки резаци и додадете ја во тенџерето, а веднаш притоа зачинувајки со вегета, сол и сите останати зачинки и црвениот мелен пипер, поклопете го тенџерето и нека се динста на тивкок оган се додека течноста не испари, а притоа и зелката е сварена.
3. Налејте ја со топла вода колку да се покрие зелката, оставете да проврие па додајте го сосот од патлиџан - не ставајте го одеднаш - пробајте за да не ја прекиселете зелката доколку сосот ви е малку киселкаст. Дозачинете ако оцените дека е потребно и оставете да проврие.
НАПОМЕНА
Дококу мислите дека останала ретка зелката, тогаш згуснете ја додавајки 1-2 лажици мисирно брашно или лебни трошки, пак нека проврие и тргнете од огнот.
Пријатен ручек!
Лиценца: Сите права се задржани