25
фев
2015
Зеленчуково рижото
Прво ги сечеме печурките на тенки листови и ги пржиме на малку маслиново масло. Откако ќе се испржат ја додаваме тиквицата исечена слично како печурките.
Во друга тава пржиме кромид исечен на покрупно, додаваме сецкан морков и испржените печурки и тиквицка. Запржуваме убаво и зачинуваме па го додаваме оризот. Смесата ја префрламе во тава за печење и налеваме 600 мл супа од коцка. Одозгора ја додаваме и брокулата и печеме 30 мин на 220 степени
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови