Ова е корисен и лесен рецепт, каде главна состојка е јапонското јаболко, кое верувам дека особено на децата не им е омилено. Но, во оваа комбинација, во која нема ни да го осетат, слободно може да им го направите како здрав десерт. Јапонските јаболка се богати со хранливи материи, витамини, железо, јод итн, па затоа сега во овој период кога ги има во изобилие треба да се искористат нивните бенефити максимално.

Подготовка

- Во чашката од нутрибулетот ги ставаме јапонските јаболка (излупени), го додаваме и какаото.
- Блендираме до хомогенизирање. Доколку има потреба со лажица соберете ја насобраната смеса на ѕидовите од чашката и повторно блендирајте.
- Може да се конзумира веднаш или може да го оставите во фрижидер 10-15 минути (со стоењето во фрижидер делумно се стега неговата структура).

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови