Здрав чизкејк (без печење)
1. Прв слој- кикириките ги потпекуваме во рерна да поруменат. Ги ставаме во блендер, да се иситнат на помали парчиња. Ги ставаме во длабок сад. Овесните снегулки ги ставаме во блендер, блендираме да станат како брашно. Ги додаваме во садот со кикирики, промешуваме. Ги додаваме медот, маџунот, кокосовото масло и какаото, промешуваме.
2. На дното од округла модла чиј страничен дел се вади, ставаме хартија за печење. Го ставаме првиот слој од тортата, смесата подеднакво ја распределуваме на дното. Оставаме во фрижидер да се стегне.
3. Втор слој- Павлаката ја ставаме во цедалка или газа неколку часа , за да истече вишокот вода. Урмите ги ставаме во топла вода да стојат 30 минути. Ги цедиме од водата и ги блендираме. Во длабок сад ја ставаме павлаката, исецканите урми, кокосот, медот и маџунот. Промешуваме . Смесата ја ставаме врз првиот слој.
4. Трет слој- за третиот слој јас користев замрзнати јагоди, може и свежи или некое друго шумско овошје. Во мал длабок сад го ставаме желатинот со 5 лажици вода, оставаме да набабри.
Замрзнатите јагоди ги ставаме во длабок сад на оган, постојано мешаме да се растопат и со помош на виљушка ги ситниме на помали парчиња, додаваме 2 лажици мед промешуваме и смесата ја тргаме од оган. Желатинот го ставаме во сад на оган да се стопи, но не да врие. Стопениот желатин го ставаме во јагодите. Промешуваме. Филот од јагоди го ставаме врз тортата. Оставаме во фрижидер да се стегне минимум 2 часа.
Јас користев округла модла бр. 28. Доколку сакате да биде повисока користете помал број на модла.
Лиценца: Сите права се задржани