17
авг
2021
Зачинета салата на коцки
1. Лубеницата е убаво да е исечена во тенка плоча, а дињата на потенки парчиња. Во иста дебелина исечете ја и краставицата.
2. Со мало калапче исечете форми од сите 3 видови и наредете ги во рамна чинија.
3. Врз коцките лубеница ставете рендано сирење, врз краставиците копар, а врз дињата мускатно оревче. Околу салатата посипете рендано сирење.
4. Попрскајте со сок од лимон и послужете.
*За разлика од мојата на фотката, ви предлагам, доколку се решите за салатава, да употребите диња американка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови