Сега малку од ориентот...
 
1. Во касеролата ставете вода, сол, исечените лук и кромид , биберот во зрна, ставете го пилешкот стек да се свари.
2. Во јогуртот или киселото млеко додајте мало шафран или водата во која сте го ставиле да одстои малку, жолчките, додајте зачинките и измешајте.
3. Сварениот стек извадете го од водата, оцедете добро и исечете на парчиња и додајте во припремената маринада. Нека одлежи така неколку часа, а може да го спремите од вечер за наредниот ден.
4. Оризот сварете го ал-денте, извадете во цетка и прелијте со ладна вода за да не се залепат зрната.
5. Извадете го стекот од маринадата и оставете настрана.
6. Во мариндата додајте го оризот и уште малку досолете. Измешајте.
7. Со маргарин или путеро премачкајте го садот во кој ќе ја спремате запеченицата. Во вака спремен сад ставете половина од оризот и маринадата, врз него ставете од стекот и покријте со остатокот од оризот. Малку одозгора ставете путер или маргарин, покријте со капак (зависно од садот во кој спремате) или фолија.
8. Ствете во предходно загреана рерна нека да се пече.
9. Пред самиот крај отворете го садот и уште некоја минута нека се пече, извадете од рерната, нека олади и служете.

Забелешка
- Јас оваа запеченица ја спремам во мали ѓувечиња, порција за еден. Кога ќе олади малку ја превртувам на чинијата во која ќе ја послужам, значи може и така да ја спремите, а може да ја превртите и ако ја спремите во еден единечен сад, само сочекајте да се малку олади, покријте со тањир или овал во големината на садот, превртете ја. Јас ова како јас ја служам, а сосема разбирливо дека може и од самиот сад да ја послужувате.
- Зависно за колку лица ја спремате, така и зголемувајте ги состојките.
- За осолувањето внимавајте бидејки почесто се наога саламурен стек, да не се пресоли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани