Запечени палачинки со спанаќ и сирење
Прво, направете ги палачинките или како мене, купете ги тазе испечни од локалното продавниче.
Во тенџерче со зовриена вода, ставете го спанаќот да се обари кратко, само 3-4 минути, заедно со сечканите шампињони и кромидчето. Шампињоните исечкајте ги многу тенко за да може да омекнат додека се обаруваат, во спротивно ќе бидат жилави.
Исцедете го убаво зеленчукот од водата, претурете го во длабок сад, ставете ги урдата и лажицата павлака, па зачинете со сол и бибер, по вкус. Измешајте убаво за филот да биде компактен и хомоген. Земете едно тавче за печење, намачкајте го со малку масло, па почнете да ги филувате палачинките со филот.
Филуваните палачинки редете ги во тавчето, збиени, една до друга. Направете го преливот така што во сад ќе ги помешате млекото и павлакатата. Прелијте ги палачинките со преливот и размрдајте го тавчето за да навлезе преливот до дното. Од горе ставете малку пармезан. Ставете да се печат во загреана рерна на 220 Цезлиусови степени, додека да добијат убава златна боја од горе.
Пред да ги сервирате оставете ги да отстојат барем 20 минути, затоа што е малку тешко да се сечат врели, а освен тоа и така ќе ви се распаднат.
Лиценца: Сите права се задржани
no vkus si e vkus