Запечена тестенина со свежи колбаси и крема од тиква
Исечете ја тиквата на коцки и ставете ја да се вари, а потоа убаво исцедете ја.
Во касерола ставете го путерот да се растопи.
Додајте го брашното и мешајте додека се запржи.
Додајте го топлото млеко и мешајте со жица додека се згусти.
Посолете, наросете црн бибер и морско оревче.
Сварената тиква ставете ја во сварениот бешамел, додајте 2 лажици пармезан и изблендирајте.
Свежите колбаси искинете ги на мали парчиња и запржете ги само во мрснотијата што самите ја пуштаат.
Кашкавалот исечете го на мали коцки.
Во поголема количина солена вода ставете ја пастата да се вари.
Сварената паста исцедете ја и префрлете ја во длабок сад.
Додајте ја кремата од тиква, кашкавалот и колбасите.
Измешајте убаво да се соединат состојките, а потоа префрлете ги во правоаголен стаклен сад.
Посипете со 2 лажици пармезан и наросете бибер.
Печете на 180 степени, 15-20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани