
Жито со шлаг
Основата на овој старински десерт е белата варена пченица која е најдобра за брзо варење и приготвување. Се додава шеќер, ореви, малку бисквити и зимски зачини и на крај шлаг. Па да почнеме со рецептот.
1. Одвечер се прелива пченицата со ладна вода. Другиот ден се истура водата, се мие пченицата и се става нова вода заедно со каранфилчето да се вари околу 30мин.Се покрива и таа ќе набабри.
2. Кога ќе олади се цеди од водата и се блендира со Нутрибулет . Се додава шеќерот, оревите, бисквитите се меша и на крајот се додава циметот и морското оревче.
3. Се става во чаши и се декорира со шлаг или хопла и одозгора мелен орев или чоко мрвици. Превкусно и ароматично. Наздравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани