Желатинки со јаболка и мед
Желатинот се става во 80 мл вода да нарасне.
Јаболката се лупи и чисти од семки. Се сецка на коцки и се става во 80 мл вода на оган додека да омекне.
Потоа се процедува. Во сокот што е добиен се додаваат шеќерот и медот и се варат се додека да се стопи шеќерот околу 5 мин.
Готовиот сируп се трга од оган и се става во пластичен сад и во него се додава нараснатиот желатин, и почнуваат да се матат со миксер.
Се мати околу 10 мин додека да се згусне смесата.
Потоа смесата се става во шпиц и се прават колачиња кои се редат на хартија за печење.
Може и да се стави целата смеса в тавче поросено со кокос и одкако ќе се стегне да се сече на коцки.
Подготвените колачиња се ставаат во ладилник околу 2 часа и потоа се спремни за јадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
не ли менуваат боја од сокот? :)