Есенски палачинки
1. Јаболката ги сецкаме на коцки. Ги ставаме во блендер и ги ситниме. Во блендерот ја додаваме варената тиква, блендираме. Ги додаваме овесните снегулки, медот, млекото, циметот и пецивото, блендираме додека да се добие хомогена смеса. Смесата ја оставаме на собна температура 10тина минути.
2. Се става на оган тавче за палачинки со нелепливо дно, додаваме една лажица кокосово масло. Кога ќе се загрее маслото, во тавчето ставаме по 2-3 лажици од смесата и формираме мали палачинки. Печиме по 3-4 минути од секоја страна. Јас ги печев на 3ка од 6 ка на мојот шпорет. Од оваа смеса јас направив 13 палачинки
3. Прелив – јаболкото го лупиме и сечиме на мали парченца. Во истата тава во која ги правевме палачинките ставаме една лажица кокосово масло, ги ставаме парчината јаболко и пржиме. Ги додаваме оревите исецкани на парченца, пржиме 5-6 минути. Го исклучуваме шпоретот и го додаваме медот, мешаме и оставаме во загреаната тава да се пржат уште 5 минути.
4. Во чинија ставаме една палачинка врз неа ставаме кругови банана, малку мед, па повторно палачинка. Постапката ја повторуваме со неколку палачнки. Врз последната ставаме од преливот од јаболка и попрскуваме со мед.
Уживајте во есенската магија
Лиценца: Сите права се задржани