Елегантни, ситни колачи со кандирани цреши
Уште еден успешен рецепт од мојата кујна, од мојата фантазија.
Подготовка:
1. Во мал сад на тивок оган ги ставаме да се соединат млекото, шеќерот и путерот. Од кога смесата е изедначена нека провријат 1,2 минути. Тргаме од оган и додаваме рум или ванила. Ги додаваме мелените бисквити и ореви. Соединуваме. Оставаме смесата да се излади.
2. Е сега, дојдов на идеа да правам мали куполи. За таа цел користев најмала чаша за ракија, која собира 30 мл. Во неа прво ставав прозирна фолија. Па ставам мала бомбици од изладената смеса, па кандирана цреша, која малку ја притискав, па пак ставав мала бомбици од смесата. Израмнував и многу лесно се превртуваат со фолијата.
3. Така подготвени ги наредив во послужавник и ги оставив 2,3 часа да се просушат и убаво да се стегнат. Потоа на врвот им ставав по малку растопено чоколадо, за декорација. Со остар нож ги сечев на половина и добив 30 прекрасни колачи. Пробајте ги. Ако сакате може да формирате и бомбици.
Лиценца: Сите права се задржани