Едноставна пита од тиквички
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете округло тавче бр. 30 или бр. 28. со хартија за печење или намрсете со масло и набрашнете со брашно.
Тиквичката треба да биде изрендана на крупната страна од рендето и отстоена 15 мин. со сол и исцедена, па мерена.
Во длабок сад изматете ги јајцата со малку сол. Додадете го маслото, уште малку измешајте. Додајте го брашното, пецивото, сол и бибер. Измешајте со лажица. На крај додадете го кромидот, морковот и тиквичките. Измешајте со лажица да се соедини и сипете во плехчето, наросете со сусам.
Ставете да се пече. Печете 40-50 мин. додека зарумени и се испече. Оставете да се излади 5-10 мин. Сечете парчиња по желба и послужете. =)
Може да послужете како појадок,вечера, а може да врви и како брз ручек . =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови