Испечати

Едноставна пита од тиквички

Едноставна пита од тиквички

Состојки

  • 3 чаши од 250 мл. рендани тиквички (околу 1 голема тиквичка)
  • 1 чаша брашно
  • 1 чаша сирење
  • 4 јајца
  • 1/2 чаша масло
  • 1 мал ситно сечкан кромид,1 рендан морков
  • 1 мала лажичка пециво
  • сол,бибер по вкус
  • сусам за посипување (по желба)

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете округло тавче бр. 30 или бр. 28. со хартија за печење или намрсете со масло и набрашнете со брашно.
Тиквичката треба да биде изрендана на крупната страна од рендето и отстоена 15 мин. со сол и исцедена, па мерена.

Во длабок сад изматете ги јајцата со малку сол. Додадете го маслото, уште малку измешајте. Додајте го брашното, пецивото, сол и бибер. Измешајте со лажица. На крај додадете го кромидот, морковот и тиквичките. Измешајте со лажица да се соедини и сипете во плехчето, наросете со сусам.

Ставете да се пече. Печете 40-50 мин. додека зарумени и се испече. Оставете да се излади 5-10 мин. Сечете парчиња по желба и послужете. =)
Може да послужете како појадок,вечера, а може да врви и како брз ручек . =)