Рецептов на прв поглед не изгледа премногу едноставен, но навистина е таков.
Нема многу да се измачите, а ќе добиете шаренолик и вкусен десерт.

1. Најпрвин се матат јајцата (поголеми) со шеќерот и ванилиниот шеќер, се додава млекото, маслото и на крај брашното со помешаното пециво.

2. Половина од жолтото тесто се остава во друг сад настрана, а во првиот дел се ставаат 3-те лажици млеко, брашното од рогач (кое е појадро мелено од рогачот во прав) и какаото. Ако ви изгледа многу густо тестото што зависи од брашното, додадете уште малку млеко, но само малку.

3. Убаво изматената кафена смеса се тура во намастена и набрашнета тава бр. 28 и се става 7-8 минути на 200 степени да фати кора. Се вади од шпоретот, се распоредуваат јагодите кои се исечкани на подебели ленти, се распоредува белото чоколадо искршено на коцки и врз ова сето се распоредува жолтата смеса која ја стоеше настрана.
Се печи 20 минути на 200 степени и уште 10 минути на 170 степени.

4. Колачот се лади добро, се украсува со слатка павлака/шлаг пена или по желба.
Ако печете во правоаголна тава, нејзината големина проценете да биде соодветна на тавата бр. 28, така ќе можете да извадите коцки.
Наместо бело можете да ставите црно чоколадо или воопшо да не ставите никакво, се е по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани