Инспирирана од вкусниот колач на насловната страна од корите за торта на Винчини се одлучив да го направам сличен меѓутоа со нешто навистина разично- пире од костен. Јас подготвив домашен, бидејки купечки не успеав да најдам.

За пирето
Костените малку расечете ги и ставете ги да се варат.
Готови се кога ќе излезат на површина.
Додека се жешки излупете ги, бидејки полесно им излегува кората, доколку имате помош уште две раце уште поубаво.
Здробете ги и ставете ги во млеко да поварат колку да се згусне(од прилика пола саат), додадете шеќер, рум и ванилин шеќер.
Кога ќе се згусне смесата ставете ја во Нутрибулет да се добие убава хомогена смеса.
Во меѓувреме спремете чоколаден фил, на пареа стоплете слатка павлака, но не и да зоврие, додадете го чоколадото и мешајте додека не се растопи. Оставете да се излади.
Слатката павлака со шеќерот во прав измешајте ги до шлаг, додадете го пирето, чоколадниот фил и матете со миксер додека не добиете фина кремаста маса.
Исечете правоаголници и слоеви по ваша желба.
Вака приготвените слоеви декорирајте со глазура.

За оваа количина ќе ви треба само еден слој од готовите чоколадни кори на Винчини
Инаку готвам помалу бидејки сме тројца дома, па не сакам да фрлам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови