Егзотични палачинки со крем од авокадо
Вкусот на јужните овошја во палачинки...Егзотично!
Подготовка
1. Состојките за палачинки ги ставаме во еден сад и ги матиме со миксер. Ги печеме на нелепливо тавче кое сме го намрсиле со путер или масло.
2. За подготовка на кремот од авокадо ги блендираме авокадото, бананата и какаото заедно со медот или агаве сирупот. Во зависност колку сакате да ви е благ кремот толку ќе додавате мед или агаве, бидејќи со бананата тој си добива и одредена блажина. Ги додаваме мелените индиски ореви.
3. На палачинка мачкаме од кремот, ставаме половина банана, ја виткаме во ролат и ја декорираме со шлаг и џем од малини или по желба.
Забелешка
Густината на кремот ќе си ја одредите сами, со постепено додавање на мелените ореви. Исто така може да додадете повеќе банана, за да ја постигнете саканата густина.
Лиценца: Сите права се задржани