Ситно броиме до почетокот на есента, па се погласно станува подготвувањето на зимниците. Така и ние, но овој пат нешто необично, тестенини со вкус на црвена пиперка.

Пиперките изблендирајте со водата, по можност во Нутрибулет.

Во поголем сад ги кршиме јајцата, ги додаваме пиперките заедно со водата, лажиче сол и маслото.
Го додаваме брашното, онолку колку што ни е потребно да ја добиеме потребната густина.

Замесуваме убаво, потврдо тесто.
Исечете го тестото на парчиња колку што мислите, јас го поделив на 10, во машината се прават кори и се сушат дирекно на сонце, се сечат или кршат, и се ставаат во хартиени кеси.

Со јуфки сме спремни да ја дочекаме зимата.

Забелешка

Во тестото се ставаат и пиперките со водата, да не ги процедувате, ке добиете јуфки со интензивна црвена боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови