Здрава закуска, хранлив појадок и вкусен десерт, ова е мојот денешен предлог за здраво засладување.

Подготовка

1. Во тава со нелепливо дно (на умерена температура) го пропржуваме сусамот, мешајки со дрвена лажица се додека да добие малку боја сусамот, па го префрламе во длабок сад.

2. Во истата тава ги пропржуваме овесните снегулки (околу 3-5 минути), па кај нив ги додаваме семките од тиква и сончоглед и лененото семе. Пропржуваме со повремено мешање уште 10 минутки, додека да добијат малку боја.

3. Кај истите состојки што се на оган, го враќаме сусамот, да се хомогенизираат состојките и сите да бидат топли. Пропржуваме уште само 1 минута.

4. Сите состојки ги истураме во длабокиот сад. Веднаш додека се топли го додаваме медот (постепено) се додека не се хомогенизираат убаво сите состојки.

5. Готовата смеса ја префрламе врз мрсна хартија, покриваме и одозгора со хартијата, формираме соодветна димензија во зависност од тоа колку сакаме да ни бидат дебели плочките. На страните се превиткува хартијата, и со сукало убаво расукуваме, се со цел состојките да се пресуваат повеќе.

6. Така формираната плочка ја ставаме на рамна подлога во обичен фрижидер околу 2 часа да се стегне. Потоа со остар нож (врз хартијата) сечеме парчиња во големина по желба. Секое парче го одвиткуваме и со помош на силиконска четка го чоколадираме по двапати (прво од едната страна, па од другата страна), а во меѓувреме ги ставаме на кратко во фрижидер да се стегнат. После нанесувањето на последниот слој на чоколадо, одозгора од едната страна наросуваме од оревите.

Забелешка - Овие гранола плочки се чуваат во кутија со капак во обичен фрижидер, и по потреба ги користиме.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани