9
сеп
2020
Домашни кубети
Одлични,вкусни и пребрзи за подготовка...
Количина на состојки не напишав бидејќи се зависи од тоа колку кубети сакате да направите...
Парчињата тост леб ги мачкаме со маслиново масло и секое парче леб убаво го триеме со расечено чешне лук.
Парчињата тост леб ги сечеме на коцки и ги наросуваме со оригано.
Печеме во плех во загреана рерна на 180 степени околу 10 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови