Доколку сакате убави домашни брускети по сопствен вкус тогаш ова е многу лесен ефтин и вкусен рецепт. Многу често јас го правам исто и кога ќе имам некои најавени гости, а секако зачините може да бидат она што вие сакате.
Најпрво ги сечеме двата ѓевреци на не многу дебели кругови, ги ставаме во еден подлабок сад, и ги ставаме и сите зачини кои преходно ги набројав, го додаваме и маслото и мешаме убаво во лажица да се распореди мешавината на секое парченце.
Ги ставаме така зачинетите парчиња на плех обложен со хартија и печеме во загреана рерна околу 5-6 минути.
Совршено оди како мезе со сиренце и пивце...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови