Домашен чипс
Подготовка:
1. Во суво тавче на оган, на средна температура, ја ставаме киноата. Ја потпекуваме со повремено мешање, додека не добие златеста боја.
2. Во длабок сад ги ставаме потпечената киноа, сусамот и сончогледот. Промешуваме. Ги додаваме пченкарното брашно, солта и лукот во прав, промешуваме. Го додаваме маслиновото масло и жешката вода. Со лажица ја промешуваме смесата додека не се соединат сите состојки.
3. Во плех обложен со хартија за печење, ја ставаме смесата. Врз смесата ставаме уште една хартија за печење за полесно и подеднакво да ја развлечиме колку што може потенко. Ја отстрануваме горната хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 170 степени околу 20тина минути. Го проверуваме чипсот повремено да не изгори. Кога ќе добие златно- кафеава боја и стане цврст го вадиме од рерна. Оставаме да се излади и го кршиме на парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани