Домашен сушен и мелен ѓумбир
Домашно приготвеното е секогаш подобро од кучечкото. Посвежо, поквалитетно и во овој случај со појака арома :)
Се приготвува многу лесно, особено ако имате соковник.
Свежиот ѓумбир излупете го, исецкајте го на парчиња и пројдете го низ соковник.
Пулпата од задниот дел на соковникот распостелете ја на масна хартија да се суши. Бидејки веќе е изваден речиси целиот сок, сушењето ќе биде кратко, најмногу еден ден на собна температура. Можете да го ставите и во рерна да се досуши, но температурата да не надмине 50 степени.
Комплетно сувиот ѓумбир ставете го во блендер, машинка за кафе или што и да имате и убаво сомелете го.
Чувајте го во стаклени теглички.
Доколку немате соковник, ѓумбирот сечете го со лупалка за компири и лентите оставете ги да се исушат.
Мелењето е исто.
Во зависност од количината на ѓумбир, при цедењето со соковникот, можеби ќе треба да го отворите соковникот да ги растргате малку конците ог ѓумбирот. На дополнителната фотографија се прикажани конците од сувиот ѓумбир.
Сокот од цедениот ѓумбир може да го спакувате во калапи за лед или кесиња за лед. Јас го спакував во кесиња за лед, полни до половина. Го додавам во млак чај или сок.
Лиценца: Сите права се задржани
го сакам домашното затоа што знаеш дека е природно сушено, а не во печка, задржани се хранливите состојки и си го додаваме во се' :)