Домашниот таан најчесто го припремам овој период, кога ми е потребен како еден од главните намирници за подготовка на Витаминската бомба за имунитет. Таанот е злато полно со витамини, минерали и здрави маснотии, истотака е значаен извор на антиоксиданти, има антибактериски својства.....воопшто е многу корисен за нашиот имун систем.

Подготовката е брза и лесна
Најпрво сусамот го потпекувам кратко, додека да добие златна боја. Го оставам да излади, па потоа го блендирам со постепено додавање на маслото ( во зависност од тоа со каков блендер располагате, можеби ќе ви треба помалку или повеќе масло - односно ако е помоќен блендерот, полесно ќе го сомеле сусамот и претвори во мазна смеса). Блендирањето нека биде кратко и во неколку наврати, се со цел да го одмориме блендерот. Го складираме во тегло и го користиме по потреба...како Витаминска бомба, како хумус, или пак како комбинација само со мед (измешајте иста количина на таан со мед)

За крај уживајте во придобивките за вашето здравје кои ви ги нуди сусамовиот таан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови